Отворен предмет и за мајката на малолетникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“
Исто така, бара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба“.
Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К.К. и за ова да го извести обвинителството. Откако ќе бидат доставени бараните пријави до обвинителството, јавноста „без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и одлуките“, стои на веб-страницата на обвинителството.
Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај, кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и чувар на тоа училиште.