Отворен Поинт ретаил парк во Општина Бутел


????????????????????????????????????

Денеска и официјално се отвори долго најавуваниот прв ретаил парк во Македонија – Поинт ретаил парк.

Според сопственикот Али Ќаили, ова е инвестиција која ќе влијае позитивно на градот Скопје и државата генерално, позиционирајќи ја Македонија како лидер во регионот.

„Многу сме среќни и горди што денеска го отвораме првиот ретаил парк кај нас, кој со својот принцип на работа ќе постави темели на еден поинаков модерен и европски концепт, кој во иднина може да претставува пример и што направивме инвестиција на која сите ќе бидат горди. Поинт ритеил парк е инвестиција која ќе ги отвори вратите за околу 200 лица и која вреди околу девет милиони евра. Сакам на нагласам и дека овде во Поинт ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови и воедно ќе искористам и да им се заблагодарам на сите закупци кои го препознаа нашиот план и ја препознаа нашата инвестиција” – изјави Али Ќаили, сопственик на Поинт ретаил парк.

Според градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, оваа инвестиција ќе ја позиционира Општинaта на едно повисоко ниво.

„Општина Бутел е навистина горда што првиот ретаил парк во Македонија се отвара токму тука. Јас како градоначалник сум особено горд што со оваа инвестиција ќе се влијае на локалниот економски развој на Општината и ќе влијае на нејзина модернизација. Сигурни сме дека оваа инвестиција ќе ги привлече сите граѓани од Скопје и другите градови од регионот да бидат редовни посетители” – изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Во Поинт ретаил парк ќе има голем број познати домашни и странски брендови кои имаат што да понудат. Според Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон МКА/ Кушман и Вејкфилд, која е екслузивен лизинг агент на Поинт ретаил парк интересот од брендовите бил огромен уште од самиот почеток.

„Овој концепт кој е развиен насекаде во светот посебно во Европа и регионот околу нас како Србија, Хрватска, Косово, Црна Гора се веќе високо позиционирани во овој сегмент. Ние, успеавме за кратко време да го наполниме целосно со голем број брендови кои се светски познати, но и локални кои навистина имаат што да понудат. Од самиот почеток и најавата за идејата побуди голем интерес кај потенцијалните закупци и интересот беше навистина голем. Оваа инвестиција која е прва од ваков тип со сигурност ќе влијае на економијата во Македонија и ќе ја направи горда, позиционирајќи го Скопје како лидер во регионот”, изјави Влатко Богоевски.

Сите посетители во Поинт ретаил парк ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како„Ваикики“, „Спорт вижн“, „Ка-еф-це“, „Јиск“, „Нептун“, „Зегин“, „Сара Фешн“, „Ел-ти-би“, „Шатци парфимерии“, „Спортекс“, „КРШ“ , „Д Спортска опрема“ и други. Во склоп на Поинт ретаил парк ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoетка и продавница за деца КРШ на површина од 2500 м2. Се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Поинт ретаил парк е компанијата Али Тобако, а се наоѓа во Општина Бутел, поранешно ТИПО, на крстосницата помеѓу булевар „Словенија“ и „Македонско – Косовска бригада“.

За вечер, со почеток од 19.30 часот е предвидено и свечено отворање на кое се очекуваат голем број гости и посетители да уживаат во забавата. Од 13 до 15 часот ќе има и забава за деца на која ќе ги забавува Ивце Пивце и Газменд, а ќе има и магионичари, пантомимичари, детски песни и многу забава.