Отворањето на границите со ЕУ сѐ уште не е на дневен ред

Фото: Б. Грданоски

На новинарски брифинг денеска во Брисел од страна на Советот на ЕУ беше укажано дека сѐ уште не се знае кога би се отвориле надворешните граници на ЕУ поради пандемијата со новиот корона вирус.

Претставниците на земјите-членки на ЕУ се состануваат секоја недела и го проценуваат развојот на состојбата со вирусот.

За сега фокусот е ставен на отворањето прво на внатрешните граници на ЕУ.

– Точно е дека ова е големо прашање, јасно е дека станува проблем бидејќи одморите се ближат, и е проблем и за Западен Балкан, но за сега нема одлука, главен приоритет се санитарните преокупации, но темата се разговара секоја недела, изјави висок дипломат на ЕУ.