Отворање регионална школа за безбедност „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата – предизвици за регионална соработкa“


Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи свечено отворање на Регионалната школа за безбедност 2019 на тема „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата-предизвици за регионална соработка“, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауе“ и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел, во соработка со Центарот за истражување и креирање политики.

На свеченоста, како што е најавнео, ќе учествуваат голем број професори и студенти од Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Грција, а ќе ја отворат заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ проф. д-р Марјан Ѓуровски, раководителот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ Јоханес Раи и Панагиотис Тасиопулос од Вифред Матренс Центарот за европски студии од Брисел.

Регионалната школа ќе се одржи во периодот 4 до 6 октомври 2019 година во Скопје.

Проектот ќе понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот, а воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка и координација.

Школата, меѓу другото ќе има цел да се дефинираат можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката.