Отворање на новиот трговски центар „Diamond Mall“ во Скопје


Во Скопје денеска ќе биде отворено новиот трговски центар „Дајмонд мол“, инвестиција  вредна 350 милиони евра.

„Дајмонд мол“ е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“, и ќе обезбеди повеќе од 1. 000 нови работни места.

На свеченото отворање ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевскии, почесниот претседател на групацијата „Лимак“ Нихат Оздемир и Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција во земјава.

Предвидено е присуство на претставници на дипломатскиот кор, на Владата, стопанственици и гости. 

Од вечерва до недела  во новиот мол ќе се одвива културно-музичка програма, а во недела од 21 часот е концертот на поп-ѕвездата Каролина Гочева.