Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ


Деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Чифте амам.

Селектор на годинашниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Од страна на кураторот и селектор на изложбата „Зимски салон“ поканети се пет автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари 2022 година.