Отворање изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ во Археолошкиот музеј


Фото: Б. Грданоски

Изложбата „Raffaelo: Opera Omnia“ од утре ќе биде отворена за посетители во Археолошкиот музеј. Македонската јавност од вторник до недела, од 10 до 18 часот, ќе има можност да погледне 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти.

Оваа изложба е во соработка со Италијанската амбасада и на неа ќе бидат изложени 14 дела, портрети од Рафаело Санти кој претставува еден од трите најпознати уметници во високата ренесанса заедно со Леонардо да Винчи и Микеланџело.

Археолошкиот музеј соопшти дека поради строго утврдените протоколи за настани кои се одржуваат во затворен простор, отворањето на оваа изложба ќе биде од затворен тип со точно одреден број на гости.