Отстранети 11 тони ѓубре од Монт Еверест


Непалска експедиција отстрани 11 тони отпад од Монт Еверест, но и четири тела, соопштија властите.

Официјален претставник на непалското Министерство за туризам, Дандураи Гимира, рече дека чистачите на падините на Еверест со недели собирале конзерви, шишиња и празни боци за кислород.

Властите нагласуваат дека на највисокиот врв има уште отпад, но и дека сегашната мисија била успешна.

Дел од отпадот беше однесен во Катманду, каде што ќе се рециклира.