Отровната градина во Велика Британија


 

Во рамки на поголема ботаничка градина во Велика Британија, постои мал ограден дел – отровна градина.

Отровната градина во Алнвик, Англија, се нарекува и „најсмртоносната градина на светот“, затоа што има 100 различни видови билки кои може да убијат човек.

Зазема мал дел од градината Алнвик во Нортумберленд. Сокриена е зад огромни железни порти и натписи со череп и прекрстени коски на кои пишува „овие билки може да убијат“.

Посетителите може да ја посетат градината само со водич. Забрането им е да ги мирисаат, допираат или да ги вкусат билките, затоа што претходно повеќепати некои туристи се онесвестувале откако вдишувале пареа при прошетката.

Градината содржи 100 отровни и опојни билки каде има многу сино цвеќе, чии бобинки се смртоносни, но и неговите стебленца и листови исто така се смртоносни. Најопасните билки се чуваат во џиновски кафези.

Многу билки, како ловорот, произведуваат цијанид. Огромниот бел коров е фототоксичен, што значи дека ќе ви ја испече кожата и може да се јават меури.

Градината ја одржува персонал кој носи специјална облека. Отровната градина сега е една од главните причини што луѓето ги посетуваат овие градини.