Отрезнување за Трамп: „Никогаш во историјата на оваа земја, изборите не се одложени“


 

Највисоко позиционирани републиканци во американскиот Конгрес го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за одлагање на ноемвриските претседателски избори.

Смеатаат дека постои голема опасност од злоупотреба во вонредни околности.

Идејата ја отфрлија лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел и лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом Кевин Мекарти.

Сенаторот Меконел рече дека никогаш порано не се одложени американските претседателски избори, пренесува Би-би-си.

„Никогаш во историјата на оваа земја, низ војни, депресија и Граѓанската војна, не се случило да немаме закажни сојузни избори на време. Ќе најдеме начин да го направиме тоа и овој 3 ноември“, рече Меконел за локалната станица WNKY од Кентаки.

Со тоа се согласи и Мекарти, кој рече дека би требало изборите да се спроведат на време.

Во меѓувреме и сојузничката на Трамп, сенаторката Грејем, оцени дека одлагањето на изборите не е добра идеја.

Американскиот државен секретар Мајк помпео, на прашање на новинар дали претседателот може да ги одложи изборите, рече дека нема во од да донесува правна пресуда.