Откријте ја вашата нова ноќна рутина и разбудете се со понежна и поотпорна кожа


Ви се случува да се разбудите наутро, а вашата кожа да е сува и дехидрирана? Ќе се сложиме не толку посакувана состојба. Понекогаш ве фаќа паника, а не секогаш имате време за потребната нега. Ќе се измиете, ќе ја ставите омилената дневна крема, но сеуште резултатот не е посакуваниот. За среќа медицинската козметика Еуцерин деновиве лансираше на пазарот Hyaluron-Filler + 3x Effect, специјално формулирана крема за ноќна употреба која го навлажнува и хидрира вашето лице додека спиeте.

Хидратантен ноќен крем кој ги таргетира фините линии и длабоките брчки. Збогатен со хијалурон, и формула која ја поттикнува регенерацијата на нашата кожа додека спиеме, обезбедувајќи моментна хидратација.

Клинички и дерматолошки тестиран, Eucerin Hyaluron-Filler + 3x Effect ноќната крема брзо  дава одлични резултати. Идеално е да се комбинира со дневната хидратантна крема. Оваа моќна формула е погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа. Се препорачува да го нанесувате Eucerin Hyaluron-Filler + 3x Effect хидратантниот гел секоја вечер на добро исчистена кожа.

 

Хијалуронската киселина е природна состојка во нашето тело која има способност да задржува влага правејќи ја кожата помека и посвежа. Но нашето тело со текот на годините се помалку ја произведува, и затоа е потребно поодршка од медицинската козметика. Овој производ содржи комбинација од два високо концентрирани типа на хијалуронска киселина и глицерин кои помагаат да се пополнат одвнатре дури и поизразените брчки. Го стимулира производството на хијалуронска киселина во кожата, правејќи таа да функционира како магнети за влага обезбедивајќи интензивна влажност до 72 часа.

Доколку ви е потребна врвна нега на вашата кожа, додајте ја Eucerin Hyaluron-Filler + 3x Effect во вашата ноќна рутина и разбудете се со понежна и поотпорна кожа.