Откажани речиси 128.000 прегледи од „Мој термин“


Близу 128 000 термини се откажани или нереализирани од почетокот на епидемијата со корона вирусот досега – покажуваат податоците на електронскиот здравствен систем Мој термин, јави 24 Вести.


Но, и по три месеци од прогласувањето на епидемијата, болниците примаат само итни случаи, а се уште нема конкретен датум кога ќе почнат да се примаат пациентите кои имаат потреба од редовни прегледи или контроли.


„Вкупната бројка на откажани/нереализирани термини од почетокот на пандемијата до сега е 127.956. Според податоците кои се водат во Националниот систем Мој Термин не може да се изведе заклучок за која услуга најмногу се чека, пред се затоа што принципот на закажување на преглед или интервенција се врши преку издавање на упат. Во периодов, бидејќи во најголем дел на здравствените установи не се креираат термини за регуларни прегледи и не се спроведуваат хируршки интервенции за кои се креираат и листи за чекање, немаме увид каде и колку се чека за здравствена услуга.“


Во Старата градска болница, која што од почетокот на епидемијата е наменета за пациенти кои што не се позитивни на вирусот, а на кои што им е потребна хируршка интервенција веќе осумдесет отсто од болничките капацитети се исполнети. Обемот на работа на болницата е  зголемен, а месечно се прават и по 150 операции, вели директорот на болницата д-р Љубен Арсенков.

Целиот текст ТУКА