Откажана средбата Помпео – Меркел
Во соопштението до Стејт департментот се наведува дека состаноците на Помпео мора да бидат прераспоредени поради „жешки прашања“, но не се наведува кои.
Од кабинетот на Меркел и шефот на германската дипломатија Хајко Мас се уште ништо не е соопштено.
Помпео во Берлин требаше да допатува од Финска, каде учествуваше на состанокот на Арктичкиот совет.
Стејт департментот посочува дека Помпео наскоро ќе го посети Берлин.