Откажан Саемот на книгата во Лајпциг


Германија- Годинешниот Саем на книгата во Лајпциг беше откажан поради незаинтересираност на издавачите, кои се откажаа од учеството поради епидемиолошката состојба.

Иако владата на германската покраина Саксонија овозможи нови мерки за одржување на Саемот, кој требаше да се одржи од 17 до 20 март, организаторите одлучија да го откажат.

Според нив, многу големи издавачки куќи, како „Рендом хаус“, „Бертелсман“, „Хајне“, „Холцбринк“ и „Реклам“, го откажале своето учество во последните денови, што го објаснија со моментната епидемиолошка состојба.