Откажан Охридскиот пливачки маратон

Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон. Исто така нема да се организира ниту трката на 10 километри, соопшти ПФСМ.
– Пливачката федерација на Северна Македонија како активен член во Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, соопштува дека годинашните официјални интернационални пливачки маратони (Охридскиот на 25 и покусиот на 10 км.) од светската серија нема да се одржат поради пандемијата, стои во известувањето од федерацијата.