Откажан летот со кој требаше да пристигнат ракометарите на Вардар


Летот со кој попладне требаше да пристигнат ракометарите на Вардар во земјава е откажан. На страницата на скопскиот аеродром предмалку е објавено дека летот од Келн во 16.15 часот, со кој беше најавено пристигнувањето на европските шампиони е откажан, а друг лет од Германија засега не закажан за Скопје.

Ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје вечерва околу полноќ, па потоа се смени агендата дека треба да пристигнат околу 16.00 часот, но сепак пак има и други промени..