Откажан концертот на Томпсон во Словенија


Министерството за одбрана на Словенија одби да издаде дозвола за концертот на Марко Перковиќ Томпсон.

По одлуката на судот во Марибор дека забраната на концертот на Марко Перковиќ Томпсон во тој град била незаконска пред две години, тој најави нов концерт, но Министерството за одбрана на Словенија одби да му издаде дозвола.

Концертот на Томпсон, хрватски пејач познат по усташки и антисрпски песни, беше забранет во Марибор во 2017 година од безбедносни причини, но пред неколку дена Управниот суд во тој град пресуди дека оваа забрана е нелегална.

Организаторот на концертот, Милан Трол, најави нов концерт, но потребна е дозвола од Министерството за одбрана. Министерот Карл Ерјавец го негираше ова барање.

Словенија не е единствената земја што ги забрани концертите на Томпсон во последниве години, пишува хрватски „Индекс“. Пред тоа, Швајцарија, Австрија и Холандија го сторија истото поради промовирање на усташтво и неонацизам.