Откако создаде „вештачко сонце“ пожешко од Сонцето, Кина прави „вештачка месечина“
„Вештачката месечина“ ќе се користи во кинеските истражувања, но ќе биде достапна и за други истражувачи од целиот свет
Кина постигна неверојатен подвиг во средата откако нејзиното вештачко Сонце достигна температури кои се пет пати повисоки од Сонцето. Ако тоа не беше доволно, првата вештачка месечина во земјата е исто така подготвена.
Вештачкото сонце пет пати е потопло од Сонцето
„Вештачкото сонце“ наречено EAST (Experimental Advanced Superconducting Tokamak) е реактор за нуклеарна фузија. Постави светски рекорд за постигнување температури пет пати повисоки од Сонцето кои се одржаа таму 17 минути.
Според државната новинска агенција Синхуа, EAST постигнатите температури од 70 милиони Целзиусови степени, ги доближува научниците до остварување на нивниот сон за создавање речиси неограничен извор на чиста енергија, пренессе Индијатајмс.
За разлика од тоа, јадрото на Сонцето достигнува температури од 15 милиони степени Целзиусови. Претходно, EAST постави сличен рекорд кога „истрча“ 101 секунда на 120 милиони степени Целзиусови.
Нуклеарната фузија го елиминира создавањето на стакленички гасови. Ако се направи правилно, тоа може да го отвори патот за потрошувачка на чиста енергија во иднина. А вештачкото Сонце на Кина го прави токму тоа.
Еве ја и вештачката месечина во Кина
Згора на ова, тука е и првата кинеска „вештачка месечина“. Оваа вештачка Месечина создава услови на ниска гравитација на Земјата и е дизајнирана да им помага на лунарните мисии во иднина.
Научникот Ли Руилин, од кинескиот универзитет за рударство и технологија, рече дека проектот за вештачка месечина во источниот кинески град Ксужоу се очекува официјално да биде лансиран во наредните месеци. Ли ја опиша програмата како симулација на Месечината на сосема ново ниво бидејќи може да направи да исчезне гравитацијата и може да трае онолку долго колку што е потребно.
Кинеската вештачка месечина се состои од вакуумска комора која содржи минијатурна верзија на Месечината со дијаметар од 60 см. Пејзажот е како Месечината и се состои од камења и прашина кои се лесни како оние на вистинската Месечина.
Пејзажот поддржува магнетно поле, како на Месечината, каде гравитацијата е на околу една шестина од нивото на гравитација на Земјата. Онаму каде што полето е доволно силно, одредени лесни предмети и животни, како што се жаби или костени, можат да левитираат.
Ли нагласи дека проектот најверојатно ќе игра важна улога во подготовката за операциите на Месечината во Кина, дозволувајќи им на научниците да тестираат опрема, па дури и да спречат погрешни пресметки кои би можеле да се покажат скапи на самата Месечина.
Некои експерименти како што е тестот за удар траат само неколку секунди (во симулаторот). Други, како што се тестовите за лазење, може да траат со денови, рече Ли. Тој, исто така, истакна дека може да се користи за тестирање дали 3D печатењето работи на Месечината и дали лунарните населби можат да преживеат на Месечината.
Некои експерименти спроведени во симулирана средина може да ни дадат и некои важни индиции, како на пример каде да бараме вода заробена под површината, рече Ли.
Беа потребни голем број технички иновации за да се направи постројката, забележа кинескиот научник, истакнувајќи дека магнетните сили потребни за создавање на атмосферата се толку силни што можат да кинат компоненти како суперспроводливи жици и да направат многу метални компоненти бескорисни.
Конечно, тој рече дека постројката, инспирирана од експериментите на Андреа Геим за левитација на жаба со магнет, ќе биде отворена за истражувачи од целиот свет.