Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина фатени на „ноќен радар“


Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина биле откриени со „ноќен радар“ соопштија денеска од СВР Куманово.

– Вчера на територијата на општина Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои пет биле откриени со т.н. „ноќен радар“, информираа од СВР Куманово.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.