Осуммина повредени во неколку одделни сообраќајки


Илустрација
Во текот на изминатото деноноќие дури осум учесници во сообраќајни незгоди се повредени, од кои повеќето сопатници.
Според билтенот на МВР во средата во 21.15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, на место викано „Бучила“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(57) од Радовиш, и патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(31) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Г., а со телесни повреди се здобил Д.Б. по што биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Истиот ден, во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Народни херои“ и улицата „Вера Јоциќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(37) од село Чифлик-скопско, и мотоцикл „пјаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(22) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Ѓ.М.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Во 8 часот пак, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „форд фиеста“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(25) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Во 13 часот било пријавено дека на улицата „Ферид Мурати“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со куманоски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(44) од с.Никуштак-куманоско и патничко моторно возило „мерцедес КУЈ 518“ со германски национални ознаки, управувано од В.А.(31) од с.Студеничани-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ М.Б.(44) од село Никуштак-кумановско и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила друга сопатничка од истото возило Н.Б.(18) од с.Никуштак-кумановско по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Во 13 часот било пријавено дека во Гостивар на булеварот „Браќа Ѓиноски“ патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од А.С.(56) од село Порој-тетовско, удрило во Ф.И.(22) од село Дебреше, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.