Осумина силувале тринаесетгодишно девојче во Келн
Тринаесетгодишно девојче било сексуално злоставувано од момчиња на возраст од 14 до 16 години на базен во Келн. Осуммината се осомничени дека ја опколиле во базен и сексуално ја злоставувале.
Идентификуван е и сведокот кој го набљудувал целиот инцидент. Напаѓачите живеат во Рајнската област, тројца од нив имаат турско, четворица сириско, а еден од нив има ирачко државјанство.