Осумчасовен музички маратон во Битола


 

Крстена како WE PRETEND IT’S A CITY | Bitola една иницијатива треба да го освои алтернативниот битолски култрурен живот. Иницијалниот настан ќе се случи на 1 април во клубот „Јагода“, со почеток во 21,30 и потоа же продолжи во осумчасовен музички маратон на кој ќе настапат водечки артисти и бендови од електронската и алтернативната музичка домашна сцена, трап музичари и нови музички формации.

„Градот го прават луѓето кои живеат во него. И колку ова да звучи како клише, Битола ја прават битолчани.

Зошто We pretend it’s a city? Затоа што една група од нас тука е во постојана борба, да направи Битола да биде градот што ние сме го замислиле и каде навистина сакаме да живееме. На 1 април отвораме едно ново поглавје во градот со музички настан кој ќе покаже дека тука сѐ уште има луѓе кои има што да кажат, од двете страни на бината“ – објавија организаторите на своите социјални медиуми.

На музичкиот маратон ќе настапата Heart on sleeve, Марија Каева Трио, PMG, Princess Donatsu, Donplaya, Мирко Попов и BerryQuat.