Осум жртви во експлозијата кај авганистански универзитет


Најмалку осум лица загинаа, а 27 се повредени во експлозија што денеска избувна пред влезот на универзитет во главниот град на Авганистан, Кабул.

Меѓу повредените има и студенти кои чекале да одат на испит. Првичната информација беше дека загинати се шестмина, но во меѓувреме бројот на жртви се зголеми на осум, пренесе агенцијата „Анадолу“.

Локалната полиција соопшти дека специјални единици откриле и уништиле и втора бомба која била поставена во близина на местото на експлозијата.

Досега ниту една група нема преземено одговорност за нападот.