Осудените за крвавиот четврток остануваат во притвор


Апелацискиот суд ги одби жалбите на осудените за крвавиот четврток и сите остануваат во притвор. Одлуката на второстепениот суд следува откако во понеделникот се одржа јавна седница на која притворените ги образложија своите аргументи зошто до правосилноста на пресудата треба да се на слобода.

Се жалеа поради тоа што Кривичниот суд им одреди притвори, а дел од нив во исто време имаат дадено гаранции дека нема да бегаат со заложување на имотите.Сега Апелацискиот суд им ги укинал гаранциите бидејќи не може да има две мерки во исто време.

Пред повеќе од еден месец со затворски казни беа осудени 16-мина учесници во инцидентите во Собранието на 27 април 2017, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.