Осудениот продуцент Вајнстин пренесен во болница


САД – Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој вчера беше осуден на 23  години затвор поради сексуални напади и силување, е пренесен во болница поради болки во градите.

Вајнстин се пожалил на болка во градите и е пренесен од њујоркшкиот затвор Рикерс во болницата Белуве, за да се лекува од срцеви проблеми, истакна портпаролот на Вајнстин во електронска порака.

На 24 февруари судот го прогласи моќниот продуцент, некогаш највлијателниот холивудски маж виновен за сексуален напад на асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната актерка Џесика Ман, но е ослободен од најтешкото обвинение, дека е сексуален предатор, за што може да добие доживотен затвор.

Движењето МиТу (#MeToo) што настана како платформа против злоупотребите на Вајнстин ја поздрави изречената казна.