„Остриан ерлајнс“ ги продолжува суспендираните летови кон Тел Авив и Техеран
Поради тензијата на Блискиот Исток, „Остриан ерлајнс“ го продолжува периодот на суспендирани летови кон Тел Авив и Техеран до 12 август. Одлуката е донесена на состанокот на кризниот штаб на матичната компанија „Луфтханза“.
„Остриан ерлајнс“ им нуди на засегнатите патници бесплатна промена на датумите на патување.