Остин Батлер ќе го глуми Елвис Присли во новиот филм на Баз Лурман


САД– Oстин Батлер ќе го глуми Елвис Присли во биографскиот филм што режисерот Баз Лурман почнува да го снима наскоро. Овој 27-годишен актер победи во конкуренција на познати имиња од помладата генерација меѓу кои и Мајлс Телер, Арон Џонсон-Тејлор, Ансел Елгрот и Хари Стајлс.

Втората главна улога ја игра познатиот Том Хенкс, кој ќе го толкува ликот на полковникот Том Паркер, долгогодишен менаџер на Присли.

Филмот наскоро ќе почне да се снима во Австралија, а сè уште не е познато кога ќе се прикажува во киносалите во светот.

Батлер е актуелен со улогата во филмот на Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ со Бред Пит и Леонардо ди Каприо чија премиера е закажана за 26 јули.