Оставката на Заев одекна во регионот: Виновна е и ЕУ, велат аналитичарите


Веста за оставката на премиерот на Македонија Зоран Заев синоќа одекна во регионот. Многу аналитичари се прашуваат како тоа ќе се одрази на понатамошниот пат на земјата кон Европската унија, но посочуваат и дека нестабилноста во земјата никому не би му одговарала.

Зоран Заев ја презеде одговорноста за резултатите од локалните избори и поднесе оставка од функцијата премиер и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, што го соопшти на прес-конференција. Тој изјави дека е горд бидејќи земјата влезе во НАТО, но и дека е разочаран што мнозинството ги избра оние кои сакаа да убиваат во парламентот пред четири години.

Оставката на Заев предизвика реакции уште подалеку од Македонија, па поранешниот шведски премиер Карл Билт на својот Твитер профил изјави дека „тешко дека ова ќе стане главна светска вест“, но дека кризата во Македонија најмалку му е потребна на регионот. Ако сака да започне агенда за проширување на Балканот.

Потегот на Заев го коментираше и професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, кој посочи дека Заев е самиот одговорен, но делумно и ЕУ е виновна што не ги исполни сите ветувања, најмногу во однос на Бугарија.

Според него, оставката на Заев е добра одлука, бидејќи оставката без притисок е политичка храброст и покажува дека може да се преземе политичка одговорност.