Оставка на Владимир Ефтимоски како претседател на УО на Стопанска банка а.д. Битола, промени и во надзорниот одбор


 

Долгогодишниот прв човек на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на УО на банката. Како што стои во известувањето до Македонската берза, на негово место е именувана Александара Радевска. Попладнево од Стопанска банка Битола известија и за промени во надзорниот одбор на банката.

„Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 8.11.2023 година, г-дин Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола. Воедно, на седницата на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола одржана на ден 9.11.2023 година, за Претседател на Управниот одбор е назначена г-ѓа Александра Радевска“, се вели во објавата на Берзата.

Во друго известување, од Стопанска банка а.д. Битола, попладнево соопштија дека на седницата на Надзорен одбор одржана на 9.11.2023 година од редот на членовите на Надзорниот одбор за претседател е именувана Гордана Гацева, додека за заменик-претседател е именуван Борислав Атанасовски.