Оставка на премиерот на Северна Ирска, Пол Гиван, поради последиците од Брегзит


Премиерот на Северна Ирска Пол Гиван поднесе оставка во знак на протест против трговските правила по Брегзит.

-Денеска е крајот на тоа што беше мојата животна привилегија, рече Гиван на прес-конференција.

Гиван на оваа функција мина помалку од една година, пренесуваат британските медиуми.

Министерот за Северна Ирска во британската Влада, Брендон Луис, изјави дека одлуката на Гиван да поднесе оставка е „крајно разочарувачка“.