Останува забраната за организирање свадби, матурски и други свечености во угостителските објекти


Фото: Б. Грданоски

Останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матурски, кршевски и слично во угостителските објекти со цел да се спречи ширењето на Ковид -19.

Ваква одлука денеска донесе Владата, односно таа на седница го усвои мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти.