Основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода


Пред неколку дена во Битола е основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода (ДПС).

На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот граѓански активист Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу млади но и веќе докажани соработници и активисти кои долго време заедно со него ја водеа битката за демократија, права и слободи во општеството.

Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на централниот одбор каде ќе се бираат претседателство и избор на други партиски раководства на ДПС.

Политичката партија ДПС е нова граѓанска опција во Република Северна Македонија а дел од програмската рамка се и следните цели:

● развој и просперитет на независна и суверена Република Северна Македонија.

● членство во ЕУ и други стратешки цели за Република Северна Македонија.

● градење на граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе сe почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава.

● почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности.

● почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповест.

● рамноправност меѓу половите и заедниците.

● градење на пријателство и добрососедски односи со сите соседни држави.

● слобода на говорот и мислата.

● заштита на правата на медиумите.