Основачот на „Алибаба“ веќе не е најбогатиот Кинез


Основачот на „Алибаба“ и компанијата „Ант Груп“, Џек Ма, ја загуби титулата најбогат Кинез, откако неговата деловна империја беше ставена под строга контрола на кинеските регулатори, додека неговите ривали напредуваа на новата „Глобалнан ранг листа на богатите во 2021 година“ на истражувачката и медиумската група „Хурун“.

Ма и неговото семејство го држеа првото место на списокот на „Хурун“ за најбогати луѓе во Кина во 2020 и 2019 година, а сега тие паднаа на четвртото место. Пред него се Јонг Шаншан, сопственик на компанијата за производство на вода во шишиња „Nongfu Spring“, потоа Пони Ма, кој е на чело на „Tencent Holding“ и Колин Хуанг, од компанијата „Pinduoduo“ за електронска трговија, пренесува Ројтерс.

„Хурун“ забележува дека регулаторот на кинескиот пазар започна истрага за монопол над „Алибаба“, откако Ма во октомври минатата година јавно го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Новата листа на „Хурун“ се прошири на 259 лица кои имаат богатство од една милијарда долари и брои вкупно 1.058 лица, со што оваа земја е прва во светот што ја премина границата од 1.000 милијардери.

За споредба, САД имаат 70 нови милијардери, со што нивниот број достигна вкупно 696.

Актуелниот најбогат Кинез, Јонг, за прв пат го зазеде првото место на списокот на „Хурун“ со богатство од 550 милијарди јуани (85 милијарди долари), што го стекна главно благодарение на растот на цените на акциите на „Nongfu Spring“ и на производителот на вакцини „Пекинг Вантаи биолоџикал фармаси“, што исто така е под негова контрола.

Богатството на второпласираниот Пони Ма од „Тенсент“ се зголеми за 70 проценти  минатата година на 480 милијарди јуани (74,3 милијарди американски долари), додека имотот на Хуанг од „Пиндуодуо“ скокна за 283 проценти на 450 милијарди јуани (69,6 милијарди долари), пишува весникот. Богатството на Џек Мао и неговото семејство минатата година се зголеми за 22 проценти, на 360 милијарди јуани (55,7 милијарди долари).

Ханг Џиминг, основачот и сопственик на „TickTok“ и „ByteDance“, за прв пат се проби меѓу петте најбогати Кинези на Глобалната листа на богати на „Хурун“, со проценето лично богатство од 54 милијарди долари.