Осмомартовски Базар во ГТЦ


Фото: Б. Грданоски

Доколку се прашувате каков подарок би бил пригоден и совршен за денот на Жената, 8 Март, тогаш несомнено би требало да се посети традиционалниот базар на ракотворби во ГТЦ. На дваесетина тезги, поставени на приземјето, љубезно и срдечно ќе бидете пречекани од самите ракотворци. Нивните ракотворби се изработени со големо внимание и љубов и секако, разновидни и уникатни.

На базарот ќе биде прикажан широк асортиман на ракотворби, од мартинки, плетени алки, накит изработен од епоксидна смола, полимерна глина, кожни и дрвени аксесоари и модни додатоци, полудрагоцени камења и кристали, филигрански накит, декоративни свеќи, домашни етерични масла, природни цвеќиња, па сѐ до сребрен накит и уметнички слики.

За сите заинтересирани, традиционалниот осмомартовски базар, организиран од Занаетчиска комора Скопје и ГТЦ, ќе трае од 1 до 8 Март, секој работен ден (освен недела), 10-20часот.