Османи: За нападот на болницата во Газа нема оправдување


Фото: Б. Грданоски

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку Твитер го осуди ракетниот напад на болницата во Газа, велејќи дека нема оправдување за таквата постапка.

„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, напиша Османи на Твитер.

Претходно Османи изрази силна осуда за нападот на Хамас врз Израел и за големиот број загинати цивили.

Алтернатива и Беса го обвинија Израел за експлозијата во болницата, оценувајќи дека станува збор за терор, за геноцид и побараа меѓународна истрага.