Османи за изборите: Извојувавме победа на неизоден пат


Вицепремиерот Бујар Османи е задоволен од изборниот резултат во првиот круг, со оглед на тоа што заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, освои најмногу гласови.

– Воведовме нов концепт на заеднички консензуален кандидат уште на почетокот на трката, нешто што до сега не сме го правеле и извојувавме победа, рече Османи.

Според него, малата излезност на гласачите особено во албанските средини се должи на новиот концепт и требало убедување на граѓаните, но тие го препознале позитивниот концепт и го уважиле.

– Ова е неизоден пат и по таков неизоден пат кога ќе извојувате победа уште во првиот круг, тогаш мора да се смета за успех – рече Османи.

Смета дека во јуни ЕУ ќе даде датум за преговори за влез во унијата, а реформите со забрзано темпо ќе се спроведуваат по завршување на претседателските избори.(Б.Б)