Османи: Време е со меки мерки да се замени полицискиот час

Фото: Б. Грданоски

Вицепремиерот Бујар Османи во улога на главен координатор на општинските кризни штабови го посети Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со директорот Арбен Зибери.

За време на средбата т Османи и Зибери разговараа за состојбата во борбата против Ковид 19, како и за предизвиците  кои произлегуваат од  секојдневната борба со истата.

“Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите” – истакна Османи при што и во оваа прилика уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.