Османи во Рим разговараше за кредибилитетот на ЕУ во регионот
Можностите за продлабочување на политичките и економските односи, билатералната соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка, беа теми на денешната средба во Рим на шефот на дипломатијата Бујар Османи со неговиот италијански колега Луиџи ди Мајо.
Како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен и на европскиот кредибилитет во регионот, тесно поврзан и со кредибилитетот на самиот процес на проширување, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите за нашата земја.
Османи на средбата изјавил дека Италија во континуитет е меѓу топ десетте земји според големината на трговската соработка со Северна Македонија, која надминува половина милијарда евра, а во 2019 година достигна дури 720 милиони евра. Ова е значаен придонес во нашата економија, но со оглед на политичката поддршка, географската близина и традиционалната соработка, Османи смета дека постои потенцијал за уште поголема економска активност, особено за италијанските инвестиции.
Како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен и на европскиот кредибилитет во регионот, тесно поврзан и со кредибилитетот на самиот процес на проширување, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите за нашата земја.
„Остануваме цврсто на патот на европските интеграции. Европските реформи мора да продолжат, особено во областите на владеењето на правото, со видливи резултати и во борбата против криминалот и корупцијата. Ние мора целосно да ја завршиме и нашата подготовка за почеток на преговорите, да ја дооформиме преговарачката структура, да ги зајакнеме капацитетите за преговарање“, нагласил Османи.
Во текот на денот, Османи ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи при Долниот Дом на италијанскиот Парламент, Пиеро Фасино. А во Ватикан ќе се сретне и со секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.