Пожарите ја одложија посетата на Османи на Турција
Поради силните пожари кои се проширија во регионот на Анталија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи, како што соопшти вчера изрази поддршка за тековната масовна противпожарна акција во Турција.
Инаку, Османи требаше да се сретне со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и со претставници на Сојузот на стопански комори и стоковни берзи на Турција.