Османи: Секоја земја членка може да не блокира во преговорите

Очекувам дека овој период ќе го искористиме за да разговараме и да се обидеме да постигнеме компромис и договор во рамки на Договорот за добрососедство што го имаме постигнато со Бугарија, бидејќи тоа е улогата за добрососедски односи, да создаде рамка за решавање на сите проблеми преку комисии и очекувам ова да го надминеме навремено, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се стравува дека Софија ќе ги блокира евроинтегративните процеси на земјава, Османи посочи дека олдуката за започнување преговори била донесена со консензус од сите земји членки, вклучувајќи ја и БУгарија.

– Анексот што се спомнува во јавноста е прилог кон записникот како унилатерален став на една земја членка. При тоа воошто не се обидувам да го омаловажам или пак да го спорам тој став бидејќи  секоја земја членка има право на свој став, како што имаме ние право на свој став,  и да објаснам дека ние сме свесни дека правилата на игра во ЕУ се такви, нагласи Османи.

Посочи дека секоја земја членка може да ги стопира или блокира преговорите, но оти треба мудро да се однесуваме за да најдеме начин да ги надминеме.

Според него, договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се добра рамка за решавање на проблемите.

– Никој не очекуваше дека со ставањето на потпис на овие договори ќе се решат преку ноќ сите проблеми, како што не се решија сите проблеми со потпишување на Рамковниот договор. Меѓутоа се создаде рамка и платформа за да се решат. Така и овие два договора се добра основа преку компромис, разговори и дијалог да се решат овие прашања и мислам дека и во овој правец ќе се реши овој спор со Република Бугарија, оцени Османи.