Османи ненајавен во Софија, го очекувале наредните денови?
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска пристигнува во Софија на ненајавена посета, која се очекуваше во наредните денови, според коментарите на политичарите во двата главни града, пишува бугарски „Дневник“.
Медиумот го цитира притоа портпаролот на Владата Душко Арсовски, дека Османи ќе разговара со неговиот колега, вицепремиер и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и дека главната тема ќе биде Акцискиот план, документ што треба да помогне во намалување на билатералниот напон. Тој ја повтори тезата на Скопје дека договорот е „во завршна фаза“.
„Предметниот акциски план, кој според достапните информации опфаќа повеќе области, треба да биде потпишан на меѓувладина конференција (ова е форум меѓу Софија и Скопје, а не настан што треба да ги започне преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ). Засега е непознато кога ќе се случи средбата денес“, пишува медиумот.