Бујар Османи „најми“ светски познат архитект за да го среди Чаир

Мишел Рохкинд, едно од најветувачките нови имиња на светската архитектура, ќе треба да понуди нова социјална визија за Чаир. Ако победи Бујар Османи


Мишел Рохкинд е роден во мексико. Неговата работа се протега во Америка и Европа

 

Мишел Рохкинд, архитект кој ја комбинира архитектурата со социјалната и културната димензија, гледајќи го дизајнот не само како естетска форма, туку и како инструмент за урбана трансформација и вклучување на заедницата. Сметан за „водечки претставник на генерацијата на највлијателните архитекти во светот“, престижниот магазин „Форбс“ го избра студиото „Rojkind Arquitectos“ како една од 10-те најиновативни млади фирми во светот, ја почнува својата објава кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи. Кандидатот на ДУИ со тоа најавува дека ќе го ангажира Рохкинд архитектонски да го среди Чаир ако победи на изборите.

„Роден во Мексико, Рохкинд се истакна од почетокот на својата кариера со иновативни идеи во дизајнот и поврзаноста на архитектурата со заедницата. Проектот што го направи глобално познат беше „Nestlé Chocolate Museum“ (2007) во близина на Толука, футуристичка структура која освои меѓународни награди и беше номинирана за „British Museum Award“.

Во 2010 година, тој ја освои меѓународната награда „Emerging Voices“ доделена од Архитектонската лига на Њујорк, додека познати медиуми, како што е „Њујорк тајмс“, го вклучија во категоријата „Faces to Watch“. Во Мексико, тој продолжува да ја држи позицијата на едно од 10-те највлијателни глобални креативни имиња.

Меѓу неговите други големи проекти се „Cineteca Nacional Siglo XXI“ (Националниот филмски центар на Мексико), „Mercado Roma“ (модерен урбан пазар во Мексико Сити), „Liverpool Interlomas Facade“ (спектакуларни фасади за трговски центар), како и станбени проекти како што се „Casa PR34“ и „Casa F2“.

Тој држел предавања на меѓународни конференции како што се TEDx и Светскиот фестивал на архитектура, а е и гостин професор на престижни архитектонски школи. Денес, Мишел Рохкинд се смета за еден од најважните гласови во модерната архитектура, претставувајќи генерација креатори кои ја ставија заедницата и иновациите на глобалната мапа на дизајнот.

Мишел Рохкинд ја реновираше Националниот филмски архив на Максико и Институтот за филм

Мишел Рохкинд го носи ова глобално искуство во општина Чаир, помагајќи во обликувањето на нова визија за нејзината иднина. Неговиот фокус е на создавање попријатен за живеење, инклузивен и напреден град – каде што јавните простори ја поттикнуваат заедницата, културата и можностите. Со докажана евиденција за претворање на амбициозните идеи во реалност, посветеноста на Рохкинд гарантира дека визијата на Чаир за утре ќе биде смела, веродостојна и трансформативна“, истакна Османи.

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи влезе во битката за градоначалник на Чаир за ДУИ да докаже оти влезот во владата на коалицијата „Вреди“ бил нелегитимен. Кандидат на „Вреди“ во чаир е вицепремиерот Изет Меџити. Од расплетот на  битката за Чаир во многу нешта ќе заврши развојот на политичката ситуација во државата. И дали можеби ќе се оди на прфедвремени избори. (Н.В.)