Османи му го кажа референдумското прашање на Мицкоски
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја стави денес под знак прашалник логиката за одржување референдум за преговорите на Македонија со ЕУ, освен ако, според него, прашањето не е – дали треба да бидеме членка на Евроазиската унија.
„Освен ако референдумско прашање не биде ‘дали сте против ЕУ со македонски јазик во неа’ не гледам зошто би се оддржал референдумот. Доколку е некој за запирање на европското пристапување, за влегување во некоја друга унија, евроазиската, тогаш е легитимно за тоа да се прашаат граѓаните. Бидејќи вака како што е сега, сите прашања што се важни за нас се обезбедени“, рече Османи дополнувајќи дека македонскиот јазик е чист, имаме почеток на преговори и историските прашања не се одредница за отворање и за затворање на поглавјата од преговорите.