Османи: Кратењето на платите на јавната администрација не треба да биде прва мерка


Вицепремиерот Бујар Османи го повтори и денес ставот на ДУИ дека кратењето на платите на јавната администрација не треба да биде една од мерките во пакетот што за штедење што го подготвува Владата.

– Партиите не треба да лицитираат со предлози  бидејќи најголемите сме дел од Владата и можеме таму да ги предложиме сите мерки. Очигледно кризата ќе предизвика сериозни социо-економски последиици, а намалените економски текови ќе предизвикаат  дополнително намалување на сретствата во буџетот. Затоа е формиран економски тим кој се состанува на дневна основа и тим на експерти кои припаѓаат на различни политички спектри, за да им се даде кредибилитет на мерките на Владата.

Нашите предлози ќе ги доставиме во Влада и за нив нема да дебатираме во јавност.Наредните денови ќе се договориме за рестриктивните мерки за кои економскиот совет потоа треба да даде финално мислење.Во однос на намалувањето на платите на јавната администрација ние сметаме дека тоа не треба да биде прва мерка туку да се разгледаат други варијанти за справување со ситуацијата за да не се трауматизираат дополнително граѓаните, кои и онака тешко се справуваат со оваа ситуација, рече Османи.