Османи и Стоев се сретнаа по втор пат во Анталија
Модалитетите и начините за надминување на разликите кои доведоа до блокада од страна на Бугарија, за европските интеграции на Северна Македонија, беа отворени уште еднаш на втората средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот бугарски колега Светлан Стоев, на маргините на Самитот и Анталија форумот, Турција.
Министрите ги реафирмираа заложбите за интензивна комуникација на сите нивоа, со цел надминување на разликите и овозможување на формално започнување на преговорите за членство на нашата држава во Европската унија, што претставува заедничка цел, беше истакнато на состанокот.
„Сериозно остануваме посветени на напорите за изнаоѓање на решение за застојот, кој ќе овозможи одржување на Првата меѓувладина конференција со ЕУ“, истакна Османи по состанокот.
Како што соопшти МНР, средбата Османи-Стоев е втора, последните два дена во Анталија, меѓу кои се одржа и посета и билатерални средби на високата владина делегација од Македонија на Софија. Во соопштението не се наведува, но би можело да се претпостави дека двајцата министри расправале за предлогот што го достави премиерот Зоран Заев за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје