Османи и австрискиот амбасадор Вуцас во Велешта во посета на роднините на Вренези кој загина во нападите во Виена


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со амбасадорот на Република Австрија во Скопје, Георг Вуцас, ќе ја посетат Велешта, Струга, каде ќе се сретнат со роднините на Неџип Вренези, кој настрада во нападите во Виена.

Османи и Вруцас, како што најавуваат од МНР, ќе изразат жалење и сочувство до најблиските на жртвата, а по средбата со нив ќе имаат изјави за медиумите.