Османи го демантира Тошковски: Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош


До Министерството за надворешни работи нема официјален допис од Европската Унија дека ќе дозволуваат влез со пасоши кои го содржат старото државно име. Земјите членки сами одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидност на пасошите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи денеска на прес-конференција соопшти дека досега само две земји имаат донесено официјален став, додека другите држави се поставуваат практично.

-Швајцарија достави официјална нота дека ќе дозволува влез со старото име, додека Босна и Херцеговина нема да ги признава личните карти и пасоши кои го содржат името „Република Македонија“, изјави Османи.

Шефот на дипломатијата вели дека изјавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски е погрешно интерпретирана, бидејќи нема официјална нота.

-Во главно, граѓаните немаат поголеми пречки во однос на враќањето дома, прво затоа што ние се организиравме во дипломатско конзуларните претставништва, овозможивме бесплатни патни листови и да се достават преку пошта, а во многу држави не ги бараат патните листови – додаде Османи.

Во однос на излегување од земјава, Османи вели дека нашиот закон не дозволува да се поминат границите со старото име.

-Сите обиди да се направи јавен притисок за продолжување на рокот на пасошите е нечесен без притоа да се седне на маса меѓу партиите. Уставот вели дека не можат да се сменат со закон. Преспанскиот договор е во сила и ние го почитуваме и имплементираме. Можеме да седнеме и да направиме планови. Не е коректно партиите коишто со години им кажуваат на граѓаните дека ќе го вратат името сега да повикуваат на нешто друго, а голем дел од граѓаните и ги послушаа. Ајде да се организираме и да помогнеме на граѓаните, за да издаваме повеќе пасоши, додава тој.

Претходно, техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека денеска добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблем доколку граѓани на Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.

-Денеска добив на писмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија, 70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, но нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – само Македонија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владејачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче, рече тој.

Министерот Тошковски истакна дека дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови и нагласи дека најважно е да не се изгуби континуитетот и динамиката во испораката на обрасцит