Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот
После три години од потпишувањето, Договорот од Преспа не само што го минува тестот на времето, туку и ги надминува границите на неговата примарна улога за Стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, напиша попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.
Во статусот, Османи оценува дека Преспа е регионален симбол за умешноста на дипломатијата во надминување на меѓусебните спорови и модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот.
– За две недели, на 1-2 јули во Охрид и Отешево, токму за Улогата на Преспа и останатите носечки договори, на првата меѓународна конференција – Преспа Форум за Дијалог, стои во статусот на Османи на Фејсбук