Османи – Брегу: Предизвиците и потенцијалите од Софискиот самит најважна тема на средбата

Предизвиците, но и потенцијалите од претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претедателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлински процес, беше најважната тема на која разговараа на денешната работна средба министерот за надворешни работи, Бујар Османи и генералната секретарка на Регионален совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу.

Токму активностите, резултатите и успехот на иницијативите на Берлинскиот процес, изјави по средбата на заендичката прес – конференција министерот Османи, се во насока на зајакната регионална кохезија и изградба на мостови за соработка, за кои веќе неколку пати зборував претходно.

– И ова не се само декларативни заложби, туку конкретни активности од кои треба да имаат корист граѓаните од целиот регион. Таков е повеќегодишниот План за регионална економска соработка, што предвидува унапредување на дигиталната инфраструктура и поврзување на земјите од регионот, слободен проток на трговија и капитал, поддржување на иновациите и претприемништвото, вложување во активностите за задржување и привлекување на талентите во земјите од регионот. И заради тоа не смееме да дозволиме разнишување на темелите на  мостовите за соработка, туку напротив со заеднички ангажман активно да работиме на нивно зацврстување. Заедничката иницијатива во овие процеси ќе значи и зајакнато поврзување, соработка, економски напредок и со тоа исклучително ќе влијае позитивно на зголемување на довербата помеѓу државите и меѓу граѓаните, рече шефот на дипломатијата.

Во однос на актуелностите во односите со Бугарија во претходните денови за кои веќе дадов свое мислење, Османи укажа дека професионалната и плодна соработка што се применува заедно со нашиот сосед во менаџирањето на агендата на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и тоа во услови на пандемијата е од исклучително значење.

 

– Тоа јасно покажува дека можеме да практикуваме партнерски однос и негуваме европски пристап во меѓусебното комуницирање и функционирање. Заедничкото претседавање е всушност еден од тие мостови на соработка кои водат кон зголемена доверба и заеднички успех. Тоа е целта на договорот меѓу двете земји на рамката која што ја имаме усогласено, за историските прашања да разговараа експертските комисии, а истовремено да обезбедиме непречена политичка, економска, културна и општествена соработка. Овој процес е од голема важност за нас и за Бугарија, но и за  европската иднина на регионот, истакна на прес-конференцијата Османи.

Во рамки на целокупниот овој регионален контекст, информира министерот Османи, со Мајлинда Брегу се согласиле дека активностите и приоритетната агенда на претстојниот Софиски самит ќе биде дополнителен импулс, додадена вредност и натамошен двигател во регионалната соработка.

– Добив уверување дека Советот за регионална соработка ќе ги стави сите капацитети во функција на успех на  овој самит, а успехот на самитот ќе претставува успех на целиот регион, па и успех на европската идеја на Балканот, рече Османи изразувјќи задоволството од посетата на Брегу.

Од страна на Брегу изрази убеденост и подготвеност на Советот за регионална соработка да ги стави сите капацитети во функција на успешност на Софискиот самит согласувајќи се дека тоа ќе претставува и успех на целиот регион, па и понатаму, успех на европската идеја на Балканот.

Османи и Брегу се согласија дека преку заедничката инвестиција во овие процеси ќе значи зајакнато поврзување, соработка, економски напредок, и со тоа, исклучително позитивно ќе влијаат на зголемување на довербата и меѓу државите и меѓу граѓаните од регионот.

Инаку, ова е прва средба на Османи Брегу по неговото именување за министер за надворешни работи, а претходно беа остварени голем број средби и добра соработка на претходната функција, од каде што, како што рече тој, произлегоа и бројни иницијативи.

– Една од нив за која сакам да упатам посебна благодарност е иницијативата и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД -19, особено за нивната улога во поврзување на земјите во регионот за надминување на предизвиците за време на рестриктивните карантини и затворање на границите.  Успехот на т.н. зелени коридори, непречено минување на стоките, услугите, бизнисот, хуманитарната помош, медицинските средства што беше од непроценливо значење за успехот на земјата, но секако и на целиот регион во надминување на предизвиците околу пандемијата. Тука улогата на Советот беше круцијална и се согласивме со Брегу дека тука не само што ќе ја продолжиме, туку и истата ќе ја интензивираме во пресрет на евентуалниот нов бран на пандемијата оваа есен, потенцира шефот на дипломатијата.

Тој потсети дека пред два дена ја претставил неговата мисијата на министер за надворешни работи за наредните четири години и стабилното и долгорочното пријателство како ново поглавје во односите со соседите и активниот придонес кон мултилатерализмот,  и како ново поглавје во односите со соседите и активниот придонес кон мултилатерализмот и регионалните иницијативи за дебалканизација на регионот, како и европските перспективи на земјата. Тоа се, истакна Османи, три клучни приоритети од вкупно пет, што ги претставив кои претставуваат заеднички интерес со Советот и за кои имавме содржајни и суштински разговори со Брегу.

– Покрај многуте проекти и иницијативи ги претставив нашите амбиции за отворање на нови гранични премини со соседите како инструмент за поголема и олеснета комуникација во регионот, но и ја потенцирав и нашата намера за отворање на Регионален центар за дијалог т.н.  Преспа форум, платформа за промоција на добрососедството и решавање на билатералните, но и меѓуетничките прашања и Форум каде што очекувам да произлезат и нови автентични иницијативи за регионална соработка, рече на заедничката прес-конференција министерот Османи.