Осма победа за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата


 МЗТ Скопје Аеродром попладнево ја совлада Војводина со 83:75 и со две победи и еден пораз ги завршува настапите во „балонот“ во Бања Лука.

Аеродромци клучната разлика ја направија со подобра игра во втората и третата четвртина (30:21 и 20:13).

Најефикасни во таборот на македонскиот состав беа Роберт Рикиќ со 18 и Немања Милошевиќ и Војдан Стојановски со по 15 поени.

МЗТ Скопје Аеродром по 10 одиграни натпревари има осум победи и два порази и се наоѓа во горниот дел на табелата. На врвот е Борец Бања Лука со осум победи и еден пораз и натпревар помалку.

Вториот македонски претставник во регионалното кошаркарско натпреварување, тимот на Пелистер со скор две победи и осум порази нема шанси за пласман во првите осум кои ќе играат во плејофот.